Семејството на британскиот милијардер Хамиш Хардинг, авантуристот кој загина во експлозијата на туристичката мини-подморница „Titan“ со уште четворица патници, му оддаде почит на својот „посветен татко“.
Пет патници загинаа во експлозијата на подморницата за време на патувањето до потонатиот брод „Титаник“ – милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот океанограф и експерт за „Титаник“ Пол-Анри Наржеоле и Стоктон Раш, основач на „OceanGate“ компанијата којашто го организиран патувањето со „Titan“ до останките на легендарнито паропрод на дното на Атлантскиот Океан.
Семејството на 58-годишниот Хардинг во соопштение наведува дека тој бил „страствен истражувач, без разлика на теренот, кој живеел за своето семејство, својата работа и следната авантура“.
Неговата смрт остави „празнина во нашите животи која никогаш не може да се пополни“, наведува уште неговото семејство, додавајќи дека се „обединети во тага“ со семејствата на другите жртви.
„Со тешко срце и голема тага жалиме за загубата на нашиот потпретседател Шахзада Давуд и неговиот сакан син Сулеман Давуд“, се вели во соопштението на „Engro Corporation“, пакистански конгломерат.
Подводен робот без екипаж, испратен од канадски брод, ги откри останките од подморницата во четвртокот наутро на околу 488 метри од лакот на вековната потонатиот брод, четири километри под површината, изјави на прес-конференција контраадмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер.
„Остатоците се во согласност со катастрофално губење на комората за притисок“, рече Маугер.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли ја опиша експлозијата на подморницата како „трагична вест“ и рече дека британската влада ги поддржува погодените британски семејства.
Белата куќа објави дека семејствата на убиените „преживеале ужасно искушение во текот на изминатите неколку дена и се во нашите мисли и молитви“.