
На 26.06.2023 во 05.20 часот било пријавено дека автопатот Неготино-Демир Капија, во близина на ТЕЦ Неготино, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Б.(35) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Б.(34) и малолетен сопатник од Р.Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.