Холивудската ѕвезда во март оваа година објави дека става крај на својата повеќедецениска кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува со текот на времето, неговото семејство го користи секој момент да го помине со него.
Откако актерот ја откри борбата со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности, изминатите неколку месеци станаа тешки и драгоцени за семејството Вилис, сите се обидуваа да не пропуштат ниту еден момент со својот сакан Брус.
Извор близок до семејството откри дека неговата состојба од почетокот на годината само се влошувала, па семејството често се собира и се дружи.
„Знаат дека Брус нема да биде вечно наоколу. Затоа го ценат секој момент”, рекол изворот за странските медиуми.
Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешната сопруга на Брус Вилис, се зближија уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да си го олесни животот со болеста, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.
View this post on Instagram
„Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус”, објаснил изворот.
Големото семејство и сега, како и секоја година, ги поминува празниците во Ајдахо, а се појавија и неколку фотографии на кои Мур и Вилис позираат заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула.