Семејството Вилјамс се повлекува од Формула 1 по трката во Монца

Единствената претседателка на некоја екипа во класата Формула 1, Клер Вилијамс, и официјално ќе отстапи од должноста по неделната трка за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката во Монца.

Во август екипата на Вилијамс беше продадени на американската компанија „Dorilton Capital“.

„Со тешко срце отстапувам од својата позиција во екипата. Се надевамв дека долго време ќе останам на леко на екипата и така ќе го осигурам наследството на семејството Вилијамс и за следната генерација, но заминувам бидејќи на Dorilton Capital сакам да му понудам можност за свеж почеток“, објави 44-годишната Клер Вилијамс.

Таа го презема водењето на тимот во 2013 година од својот татко Френк Вилијамс која го основаше во 1977 година. Во текот на 43-те години колку што семејството Вилијамс беше на чело на тимот, тој настапи на 739 трки во кои оствари 114 победи и 16 шампионски титули.

Но последната победа Вилијамс ја оствари уште во 2012 година, а последната титула за тимот ја совои Жак Вилнев во далечната 1997 година. Сезонава тимот на Вилијамс сѐ уште нема освоено ниту еден бод во Светското првенство.

Од компанијата „Dorilton Capital“ објавија дека тимо и натаму ќе се натпреварува под името Вилијамс.