Вистинска семејна драма се случила во Куманово на крајот на јануари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најпрво настанала расправија меѓу 28-годишниот С.Д. и неговиот брат, по што С.Д. запалил плинска боца и ја фрлил во спалната соба и предизвикал пожар.
Пожарот бил локализиран од неговиот брат и мајка.
Кумановската полиција против него поднесе кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.