Семејна куќа изгоре во пожар во Охрид

Изгоре куќа во Гази Баба
Изгоре куќа во Гази Баба

Приземна семејна куќа изгоре во пожар што попладнево избувна на улицата „Даме Груев“ во охридската населба Карабегомала.

Нема повредени во пожарот, а лицата што биле внатре веднаш по избувнувањето на пламенот навреме го напуштиле објектот.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот се случил околу 14:30 часот. Пламенот прво ја зафатил кровната конструкција на објектот, по што брзо ја зафатил целата куќа.

Веднаш било интервенирано со четири противпожарни возила, така што пламенот бил локализиран за 15-тина минути и билo спречено негово проширување кон околните објекти, исто така станбени куќи.

Околностите и текот на самиот пожар укажуваат дека причина за неговото избувнување е неисчистен оџак.