Семејствата на патниците од исчезнатиот патнички авион почнаа да добиваат иницијална надокната од по 50.000 долари.
До сега парите ги добиле шест семејства од Малезија и една од Кина, а осигурителните куќи ги разгеледуваат барањата на уште 40 кинески семејства.
Роднините на сите 239 исчезнати лица може да побара поединечна надокнада во износ од 175.000 долари, пренесе Би-Би-Си.
Авионот на летот MH370“ исчезна на 8-ми март во текот на патувањето од Каула Лумпут кон Пекинг, а до сега не е пронајдена никаков траг од леталото.
Заменик малезискиот министер за надворешни работи Хамза Заинудин, нагласил дека владата сеуште не прогласила дека авионот е изгубен.
Накнадите ги исплаќа конзорциумот на осигурителни куќи на чело со германската компанија „Алијанс“.