Четири членови на христијанско семејство се убиени на југоистокот од Пакистан во понеделникот, соопшти полицијата, во врска со најновиот напад врз христијанската малцинска заедница во оваа доминантна муслиманска земја.
Семејството патувало во рикша кога патот им го попречиле вооружени напаѓачи со мотоцикли и почнале да пукаат врз нив во Квета, главниот град на немирната покраина Балучистан, во која живеат и шиитска малцинска заедница, која исто така е честа цел на радикалните исламистички групации.
Жена е пренесена во болница, додека нејзиниот татко и тројца роднини се убиен на самото место. „Се чини дека станува збор за намерен напад. Тоа е терористички чин“, изјави покраинскиот полициски функционер Моазим Џах Ансари.
Нападот се случи ден откако пакистанската христијанска заедница го прослави во неделата Велигден. Верските собири на малцинските заедници често се цел на терористите во земјата во којашто мнозинството се сунитски муслимани.
Во малата но богата со ресурси покраина Балучистан на границата со Иран и Авганситан, поради што е силно и сепаратистичкото движење, активни се сунитски исламистички групации кои се поврзани со талибаните, Ал Каеда а во последниот период и со џихадистичката Исламска држава.
Во декември, една седмица пред католички Божик, двајца бомбаши самоубијци нападнаа преполна христијанска црква на југозападот од Пакистан и убија најмалку десет лица и ранија уште 56, а одговорноста ја презема Исламската држава.
Најмалку 72 лица ги загубија животите а повеќе од 300 беа ранети во самоубиствениот бомбашки напад изведен на 28-ми март 2016 година во близина на игралиште за деца на паркиралиштето на излезот од паркот Ѓулшан ел-Икбал, градскиот парк во Лахоре, големиот град во североисточната пакистанска покраина Пенџаб, каде христијаните го прославувале католички Велигден.
Одговорноста за тој напад ја презема екстремната талибанската фракција Џамаат-ул-Ахрар, која ѝ изрази лојалност на Исламска држава, која објави дека нападот е насочен врз пакистанското христијанско малцинство.
Во Пакистан се проценува дека живеат околу два милиона христијани, или околу 2 отсто од населението на оваа мнозинска муслиманска земја со речиси 180 милиони жители од кои 96 отсто се муслимани, а 80 отсто го исповедаат традиционалниот облик на сунитскиот ислам.
https://www.samaa.tv/pakistan/2018/04/four-members-of-christian-community-killed-in-quetta-attack/