![policiska-lenta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/policiska-lenta-2.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Педесет и седумгодишниот М.А. од скопски Добридол во четвртокот околу 10,45 часот бил пронајден мртов на нива од страна на членови на семејството.
Како што информираат од полиција, лицето било пронајдено починато на местото викано Шарковец.
По извршениот увид утврдена е смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.