Погребот на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, во семејната гробница, ќе биде резервиран само за семејството, по церемонијата во Преторија, објави тамошната влада.
„Семејството сака погребот да остане семејна работа, не сака телевизиите да снимаат, не сакаат луѓето да го гледаат тој чин“, рекла Пумла Вилијамс, портпарол на владата.
Симболот на борбата против апартхејдот и првиот црн претседател на Јужноафриканската република, почина на петти декември во 95-тата година од животот, имал желба да биде погребан покрај мајката и трите деца, илјада километри јужно од Јоханезбург.
Неговите посмртни останки, од средата се изложени во претседателството во Преторија, ќе бидат пренесени со авион в сабота.
Последната церемонија ќе се одржи пред тоа воената база Ватерклф во близина на Преторија.