Сенаторот Линдзи Греам ќе пoднесе резолуција со осуда за импичментот за Трамп

Влијателниот републикански сенатор Линдзи Греам на прес-конференија во четвроткот ја објави намерата да поднесе резолуција во Сенатот со којашто ќе се осуди процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп која ја покренаа опозициските демократи.

Греам истакна дека уште на почетокот на постапката биле пропуштени важни чекори кои го прават процесот на импичментот опасен и ги нарушува американските закони. Особено, според сенаторот, нарушувањето се состои и во тоа што на републиканците во Конгресот им е ограничен пристапот кон овој процес.

„Станува збор за тоа што ова не оној процес кој бара детален и внимателен пристап“, рече Греам. Додаде дека според него процесот за отмовикување, кој го започнаа демократите во Претставничкиот доме е „таинствен, се одвива зад затворени врати и не го почитива законот“.

„Овој несмасен процес го започна комитетот кој никогаш не учествал во барање за импичмент, тој (импичментот во ваква форма) носи опасност за институцијата претседателство и за нашата земја“, рече Греам.

Греам истакна дека уште на почетокот на постапката биле пропуштени важни чекори кои го прават процесот на импичментот опасен и ги нарушува американските закони. Особено, според сенаторот, нарушувањето се состои и во тоа што на републиканците во Конгресот им е ограничен пристапот кон овој процес.

Коментирајќи го расположението на претседателот Трамп поради оваа постпка, Греам рече дека американскиот челник „стравува дека тоа никогаш нема да заврши“.

„Колку е Трамп на власт – три години. И тоа нема крај. Секој пат се изнаоѓа нова причина. Тој стравува дека нема чесно да му дадат право да се реализира себеси како претседател“, изјави Греам кој во средата вечерал со Трамп.

Претходно челниците на републиканците во Претставничкиот дом, Мајкл Меккол, Џим Џордан и Девни Нунез во писмо до челникот на комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом, Адам Шиф, го повикаа информаторот на забелешката поради која беше отворена постапката која треба да доведе според демократите до отповикување на претседателот Трамп да сведочи пред Конгресот.

Во средата дваесетина републикански пратеници упаднаа во сигурната соба за сослушување во подрумот на зградата на американскиот Конгрес, жестоко протестирајќи и обвинувајќи ги демократите дека водат истрага против американскиот претседател Доналд Трамп потајно и пристрасно и оти предизвикаа хаос во истрагата во рамките на можното отповикување на американскиот претседател. Станува збор за група пратеници која немала дозвола да присуствува на сослушувањата во рамките на истрагата.

Приговорите за сметка на правичностите на постапката се централен дел од републиканските акции против истрагата во рамките за можното отповикување на американскиот републикански претседателот Доналд Трамп.

Зад затворените врати состојбата со сослушувањето е покомплексна, републиканците учествуваат во секое сослушување, иако нивната улога е ограничена, бидејќи демократите имаат мнозинство и на секое сослушување ги има најмалку десетина пратеници, а често и повеќе демократи седат на правоаголната маса, републиканците од десната а демократтие од левата страна. Секоја страна добива исто време за поставување прашања.

Досега 47 републикански пратеници од три комисии на Претставничкиот дом, за разунавачки прашања, за надворешни работи и за надзор, присуствувале и учествувале во сослушувањата на осум дипломати и владини функционери кои досега се повикани да сведочат. На тие сослушувања учествувале и 57 демократски пратеници од трите комисии, но учеството не е дозволено за никој друг од овие две партии.

Во рамките на истрагата се испитува дали претседателот Доналд Трамп вршел притисок врз украински функционери да го истражат евентуалното влијание на поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден врз Киев да го смени украинскиот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата на енергетска компанија во која во управниот одбор беше неговито син Даглас Бајден. Џо Бајден, инаку, е најсериозниот претендент за претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2020 година. Притоа, според демократите, Трамп наводно ја условувал истрагата со американската помош за Украина, што нејзиниот претседател Владимир Зеленски го негираше.