Американскиот републикански сенатор Ренд Пол, изјаво во средата дека во текот на посетата на Москва доставил писмо од американскиот претседател Доналд Трамп за рускиот Владимир Путин.
„Ми претставуваше чест да го доставам писмото од претседателот Трамо на администрацијата на претседателот Путин. Псмото ја нагласува важноста на натамошната работа во разни области вклучително и борбата против тероризмот, поттикнување на законодавниот дјалог и културните размени“, напиша сенаторото Ренд Пол на Twitter.
Белата куќа не ја коментираше веста за писмото, ниту за неговата содржина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди подоцна во средата дека писмото на Трам до Путин е доставено преку дипломатски канали. Додаде дека Кремљ уште не е запознат со содржината на дописот.
Американскиот сенатор од Републиканската партија, Ренд Пол, кој инаку е сојузника на претседателот Доналд Трамп, изјави дека отпатувал во руската престолнина за да ја поттикне дипломатијата во атмосферата на тензични односи меѓу Москва и Вашингтон.
Во понеделникот Пол ги покани руските парламентарци да го посетат Вашингтон, откако во Москва имаше разговори со повеќе пратеници, и притоа вети дека ќе ги блокира евентуално новите санкции против Русија.
Американските раззнавачки агенции тврдат дека наводно Русија се вмешала во американскиот изборен систем во 2016 година, што му овозможило на Трамп да победи, како и оти наводно и сега прави обиди да влијае врз изборите на половина од мандатот за Конгресот кои ќе се одржат во ноември годинав.
Москва повеќепати оцени дека ваквите обвинувања за кои не се приложени докази, се резултат на „антируска хистерија“ којашто произлегува од затегнатите односи на внатрешнополитички план во Вашингтон.