Сенатот го отфрли повикувањето сведоци во импичментот на Трамп

Американскиот Сенат ноќта кон саботата по средноевропско време гласаше против повикувањето сведоци и изнесувањето нови докази во постапката за отповикување од должноста на претседателот Доналд Трамп, со што се чини сѐ поизгледна ослободителната пресуда.

Со гласањето 51 наспроти 49 во Сенатот во кој републиканците го имаат мнозинството, се блокираше ободот на демократите да го продолжат процесот на импичмент со носење нови сведоци, како на пример поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, за кој тие тврдат дека има сознанија „од прва рака“ за обидите на претседателот Доналд Трамп да издејствува од Украина отворање истрага за улогата на поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден, негови веројатени противкандидат на претседателските избори на 3-ти ноември.

Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, во декември го осуди Трамп дека ја злоупотребил својата положба условувајќи го Киев со истрага за учеството на Бајден во запирањето на истрага за корупција во компанија во која во врвот бил неговиот син Хантер Бајден.

Трамп е третиот претседател во историјата на САД на кој му се судеше за импичмент. Тој ги негира обвинувањата дека направил нарушувања на законите, и ги обидува демократите за „обид за пуч“ и продолжен „лов на вештерки“ по неуспешниот обид да докажат дека на минатите избори во 2016-та бил во дослух со Русија.

Сенатот го одобри распоредот за преостанатиот дел од судењето коешто ќе тече според партиската линија. Завршните зборови ќе бидат искажани во понеделникот во 11 утрото според ГМТ, а четворицата демократските кандидат кои се натпреваруваат за претседателската номинација на својата партија ќе имаат време да дојдат во сојузната држава Ајова каде што ќе се одржат првите демократски предизбори.

По часовите минати зад кулисите, гласањето за отповикување е најавено за во среда, во 4 часот по ГМТ, и се очекува дека Трамп ќе го преживее благодарејќи на лојалноста на републиканските сенатори во горниот дом на Конгресот, кои ги критикуваа демократите дека од партиски причини во цели на кампањата и со прекршување на Уставот ја повеле постапката за импичментот.

Сенатот речиси сигурно ќе го ослободи Трамп, и поради тоа што дека за осуда се потребни две третини, а досега никој од 53-та републиканци, па дури и оние кои го поддржаа доведувањето на сведоците, не навестија дека ќе гласаат за осуда.

За повикување на сведоците во петокот, само двајца републиканци, Мит Ромни и Сузан Колинс, го поддржаа повикувањето на сведоци. Од почетокот на судењето демократите се обидуваа да убедат барем четворица републикански сенатори да ги поддржат за да добијат просто мнозинство за да се изгласа носењето нови сведоци и изнесувањето наводни нови докази во полза на обвинението.

„Нема сведоци, нема документи и тоа во постапката за отповикување, па тоа е перфидно. Ова е голема трагедија“, изјави за новинарите, демократскиот сенатор Чак Шумер.

„Америка ќе го памети овој ден, за жал, како декн кога Сенатот не ги исполни своите обврски, кога ја отфрли вистината и продолжи со срамното судење. Ослободителната пресуда нема да има вредност. Американците ќе знаат дека ова судење не е вистинско судење“, додаде.