Сенатот го почна историското второ судење на веќе поранешниот претседател Трамп

AP Photo/J. Scott Applewhite)

Историското второ судење за отповикување и прво на веќе поранешен претедател Доналд Трамп, започна во вторникот во американскиот Сенат, поради што сенаторите ќе расправаат и за уставноста на процесот за отповикување на претседател кому му завршил мандатот.

Процесот започна со гласање за резолуцијата за договорот за форматот на процедурата. Таа беше поддржана од 89 сенатори, а против бра 11 нивни колеги. Гласањето всушност беше само формалност, поради тоа што сите учесници во процесот, и демократите и републиканците во Сентот, обвинителите од Претставничкиот дом и адвокатите на Трамп, претходно веќе се согласија со сите одредби од документот.

Со одредбите на обвинителите од Претставничкиот дом и на адвокатите на Доналд Трамп им се дава еднакво време за поставување на прашањата и за завршните изјави.

По усвојувањето на резолуцијата, закодонавците преминаа на дискусијата за уставноста на постапката против поранешен претседател, којашто ќе потрае најмалку четири часа. А по неа ќе следи гласањето дали горниот дом на Конгресот, односно Сенатот има право да поведел импичент за поранешен претседател. За носење одлука по ова прашање потребно е просто мнозинство.

 

Целта на демократите

Во фокусот на постапката ќе бидат хаотичните призори од Капитол Хил на 6-ти јануари, кога мноштво приврзаници на Трамп продреа во Конгресот, во обидот да ја запрат постапката за признавање на гласовите на електорскиот колегиум со кои се признава победата на неговиот противник Џо Бајден, за што поддржувачите на републиканскиот претседател сѐ уште се убедени дека е резултат на изборна измама.

Претставничкиот дом на Конгресот, во кој големо мнозинство имаат демократите, на 13-ти јануари го обвини Трамп за „поттикнување на бунт“ впишувајќи го во американската историја како досега единствен претседател кој двапати е осуден во долниот дом на парламентот на САД. Но за да биде осуден во Сенатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 17 републиканци треба да им се придружат на демократите, што во овој момент се чини малку веројатно.

Но целта на демократите е процесот кој ќе го емитуваат директно националните телевизиски мрежи кои од почетокот на појавата на Трамп во политиката се насочени против него и се под контрола на демократите, е да му зададат позначаен удар. Иако Трамп освои рекорден број гласови за претседател кој се борел за вториот мандат и сѐ уште ужива голема поддршка кај гласачите, медиумското претставување на упадот во Капитол го намалил неговиот рејтинг. Всушност, целта на Демократската партија е да го осуди Трамп и да го спречи повторно да се кандидира на изборите во 2024 година, што тој неколкупати го најави. Тоа ќе претставува одмазда за поразот што на демократите, особено на нивниот естаблишмент, им го нанесе Трамп на претседателските избори во 2016 година, кога изненадувачки ја победи Хилари Клинтон.

Обвинителите кои ќе го водат процесот затоа немаат намера да се задржат само на обичното правно истакнување во дебатата. Изнесувајќи ги пред судењето своите аргументи тие го обвинија Трампо дека „го наполнил бурето со барут, го запалил чкорчето и се обидел лично да го исползува настанатиот хаос“. Имаат намера против Трамп со нивно толкување да искористат бројни негови изјави за јавноста, вклучително и онаа од 6-ти јануари пред упадот кога на огромниот собир близу Белата куќа, од која во контекст ја вадат пораката на неговите приврзаници „да се борат со сите сили“

Адвокатите на Трамп ќе се фокусираат на две точки: дека судењето е неуставно, бидејќи тој не може да биде отстранет од позицијата на којашто повеќе не се наоѓа, како и дека неговата реторика е повик за уставната заштита на слободата на говорот.

 

Натамошната постапка

Според постигнатиот договор, во среда напладне обвинителите и адвокатите ќе ги одржат воведните говори, по што ќе започнат нивните образложенија кои ќе траат до 16 часа, а за што се одредени два дена, за секоја од страните да ги изложи своите аргументи со можност со дебата. Покрај тоа, на сенаторите ќе им бидат дадени вкупно четири часа за да поставуваат прашања на адвокатите и на обвинителите од Претставничкиот дом. Во оваа фаза Сенатот ќе може да гласа за тоа да се повикуваат сведоци и да се обезбедат дополнителни докази. На крајот, на двете страни ќе им бидат овозможени четири часа за завршните зборови, подеднакво поделени за обвинителите и за адвокатите.

По барање на еден од адвокатите на поранешниот претседател, постапката ќе биде прекината во петокот вечерта и ќе продолжи во недела попладне. Така, доколку страните не повикуваат сведоци, постапката ќе заврши следната седмица, побрзо од првото судење на Трамп минатата година.

Како што претходно појасни водачот на демократското минимално мнозинство во Сенатот, конгресменто од сојузната држава Њујорк, Чак Шумер, доколку сенаторите го потврдат импичментот за Трамп, ќе се одржи второ гласање за забрана на поранешниот претседател да извршува јавни функции во иднина.

За осудудителната одлука во рамките на импичментот, потребни се две третини од гласовите во Сенатот, најмалку 67 од 100, при што гласовите се поделени подеднакво а предност имаат демократите со гласот на потпретседателката Камала Харис која по дифолт е претседателка на горниот дом. Според американските медиуми, демократите сѐ упте не успеале да добијат поддршка од неопходниот број републиканци. Експерите сметаат дека владејачката партија нема да успее да издејствува осуда за Трамп, по што би дошло до гласањето да му се забрани повторно да се кандидира, за што, пак, во тој случај во Сенатот ќе им биде потребно просто мнозинство.