Сенатот го потврди Вилијам Барнс за нов шеф на CIA

Американскиот Сенат ноќта кон петокот изгласа уште неколку нови члена на администрацијата на претедателот Џо Бајден, а меѓу нив Вилијам Бернс е потврден за директор на Централната разузнавачкка агенција (CIA).

Кандидатот на претседателот Бајден, 64-годишниот Вилијам Барнс, кој служеше и во демократската и во републиканската администрација, е првиот дипломат од кариера во историјата кој ќе ја води CIA. Во Сенатот претходните години беа потврдувани неговите кандидатури за амбасадор во Јордан и во Русија, како и за три високи функции во Стејт департментот.

Бернс со својата 33-годишна дипломатска кариера е нетипичен профил за директор на најизвиканата американска разузнавачка агенција, бидејќи ниту е поранешен разузнувач, ниту војник или политичар од чиишто редови досега доаѓаа челниците на CIA. Директорката на американската национална Разузнавачка служба која ги обединува речиси двеасетте разузнавачки агенции, Аврил Хејнс, го поздрави именувањето на Бернс истакнувајќи оти тој е „извонреден државен функционер,кој поголемиот дел од својот живот го посветил на служење на владата“.

Во текот на сослушувањето пред Комитетот за разузнавачки прашања во Сенатот во февруари, кој подоцна едногласно ја поддржа неговата номинација, Барнс ги изнесе своите четири главни приторитети: луѓето, партнерствата, Кина и технологијата.

Барнс ја нарече Кина „голем, авторитерен ривал кој ги јакне капацитеите за кражба на интелектуалната сопственост, репресијата над своите граѓаи и ширењето на влијанието во САД“. Конкуренцијата со Кина е инаку еден од главниот приритети на администрацијата на Бајден и огромното мнозинство во Конгресот, кои сакаат заземање поостар став кон Пекинг.

Сенатот, исто така, го потврди еден од долгогодишните советници за надворешна политика на Бајден, Брајан Меккеон за заменик на државниот секретар за управување и ресурси, а Завие Бесера за министер за здравство.