Пратениците во аргентинскиот сенат гласаа против предлог на законот со кој се дозволува абортус по слободен избор на жените во првите 14 недели од бременоста.
Пратениците во Долниот Дом на Сенатот дебатираа повеќе од 15 часа по што 31 пратеник гласаа „за“, а 38 „против“ и покрај фактот што анкетите на јавното мислење покажаа дека законот за законски абортус има силна јавна поддршка.
Според претставниците на феминистичките здруженија и активистите кои го поддржуваат законот, пресуден бил притисокот од Католичката црква врз сенаторите да не се прифати абортусот.
Бидејќи Долниот дом веќе ја донесе одлуката, претседателот Маурисио Макри рече дека ќе ја потпише.
Отфрлањето на законот значи дека абортусот останува легален само во случај на силување и опасност за животот на жената.
Мариела Белски, директорот на аргентнската канцеларија на „Амнести Интернешнл“ рече дека истражувањата што ги спровеле покажале дека 60 отсто од граѓаните го поджале предлог-законот, како и дека во иднина пак ќе се обидат.