Вчера вечерта Сенатот на САД го усвои протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Според резултатите од гласањето Сенатот на САД со 69 гласа ЗА и само 2 гласа НЕ го усвои протоколот за членство на нашата земја во НАТО.
Инаку во изминатиот период тоа го направија и многу други европски земји меѓу кои Италија, Велика Британија, Бугарија, Грција, Словенија, Албанија и други…