Фудбалерите на Сенегал се пласираа на Светското првенство коешто следната година ќе се игра во Русија, откако во Јоханесбург ја совладаа Јужноафриканската Република со 2:0.
Со оваа победа Сенегал го потврди првото мести во Групата Д од африканските квалификации, коешто директно води на мундијалот, со головите коишто ги погодија Сака во 12 и со автоголот на М’каизе во 38 минута.
За селекцијата на Сенегал ова ќе биде вториот настап во историјата на светските фудбалски првенства, откако во 2002 година се пласираа во четвртфиналето.
Сенегал е вкупно 24-от национален тим кој се палсирапе досега на СП и третиот африкански по Нигерија и Египет. Русија ќе биде домаќин на Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Мексико, Костарика, Панама, Германија, Англија, Белгија, Шпанија, Полска, Исланд, Србија, Франција и Португалија.