Сент Џонстон ги освои двата шкотски Купа

Фудбалерите на Сент Џонстон остварија подвиг во својата историја освојувајќи ги двата Купа на Шкотска, со неверојатен куриозитет.

Сент Џонстон во саботата во фуналето на Националниот куп го победи Хибернијан со 1:0, откако во февраури во финалето на Лига купот со идентичен резултат го победи Ливингстон.

Речиси неверојатно звучи фактот дека во двете финалиња стрелец беше бехот Шон Руни, а и на двата натпревара победничките погодоци ги постигна во истата 32 минута. На денешниот меч, Сент Џонстон и не успеа да реализира пенал во 75 минута.

„Секоја чест за играчите. Видовте карактер, се придржувавме до својот план. Натпреварот беше отворен и можеше да отиде и на другата страна. Немам зборови со кои би ја опишал гордоста по оваа сезона“, изјави за BBC One Scotland, Калум Дејвидсон, менаџерот на Сен Џонстон.

За Сент Џонстон ова е втората титула во Националниот куп на Шкотска откако славеа во 2014 година, додека во Лига купот триумфираа по првпат.