Сензационална вест – има надеж за Бензема, можеби ќе заигра на СП во Катар

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Карим Бензема би можел да и се приклучи на француската репрезентација во нокаут фазата на Светското првенство во Катар, откако се опорави од повредата, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанскиот спортски новинар Карлос Родригез објави дека Бензема ќе биде на тренингот на Реал Мадрид во четврток, додека мадридскиот тим се подготвува за остатокот од сезоната.

Некои шпански медиуми истакнуваат дека дури постои можност Бензема да и се приклучи на француската репрезентација во нокаут фазата на Светското првенство во Катар, но челниците на ФФФ не сакаа да ја коментираат оваа информација.

„Триколорите“ веќе обезбедија пласман во осминафиналето на Мундијалот, бидејќи се на првото место на табелата од групата Д со две победи против Австралија (4:1) и Данска (2:1). Последниот натпревар во групата Франција ќе го одигра в среда против Тунис.