Украинските сили се обиделе да продрат во Херсонската област, на југот на Украина додека изведуваат голема офанзива на северот и истокот на земјата, но нападот бил одбиен со повеќе од сто жртви на украинската страна, тврди во четвртокот утрото челникот на привремената воено-цивилна проруска администрација на областа, Крурил Стремоусов.
„Буквално во мугрите, некои падобранци, тие себеси се нарекуваат маринци (…) се обидоа да продрат кај Карбурски, од страната на Црното Море, и да минат во Херсонската област. Но нападот беше сопрен, нацистите беа уништени“, изјави Стремоусов во програмата на руската телевизија.
Покрај тоа, челникот на областа која под контрола речиси половина година ја имаат заедничките сили на проруските сепаратисти во Украина и руската војска, ги отфрли тврдењата на Киев дека украински единици навлегле во регионот на Херсон. Според Стремоусов, тој секојдневно патувал до селото Киселевка на границата со Ниолаевската област, која „секојдневно е заземена на интернет“.
„Регионот Херсон останува во своите граници, како и што беше претходно. Никој не продрел во областите Сухој Ставка, Давидов Брод, во регионот на Киселевка – тоа не е точно“, истакна Стремоусов.
Коментирајќи го посебно за агенцијата РИА обидот на украинската војска да продре во регионот, Стремоусов појаснил дека Кинбур територијално се наоѓа во регионот Николаев.
„Од таму до Очаково има пет километри (…), но веднаш беа забележани и уништени. Таму загинаа околу 120 украински војници. Тоа беше бесмислена акција. Секое приоѓање кон Кинбурн е целосно контролирано од наша страна и нереално е да остане незабележано“, заклучува соговорникот на агенцијата.
Претходно во средата, како што соопшти руското Министерство за одбрана, имало уште еден обид на украинските единици да навлезат во областа на Херсон од истиот правец. Руските ловци собориле украински хеликоптер „Ми-8“ со диверзантско-извидувачка група крај Кинбурн, според истиот извор.