
Прориските сепаратистички сили со поддршка на руските единици влегле во градот Сиверск, во регионот Доњецк, а продреле и во Соледар на границата меѓу централна Украина и одметната проруска југоисточна област Луганск, објавија во средата руските агенции повикувајќи се на воени извори, додека украинската војска тврди дека немало никакви нови судири на боиштето кај Северск, но дека градот е под артилериски оган.
Претходно во средата Виталиј Киселов, министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск, изјави дека Северск со претпазливо напредување би можело да биде заземен за неколку дена.
На самиот почеток на јули, проруските сепаратисти и руските војски ги заземаа стратешките градови Северодоњецк и Лисичанск, кои им овозможуваат напади од подобри позиции за напредување кој централните делови кои се под контрола на украинските сили.
Киселев подоцна објави и дека „сојузничките сили на Русија и Луганската Народна Република“ се пробиле до предградијата на Соледар во Донбас, областа којашто ја сочинуваат двата доминантно руски и рускојазични ентитета во југоисточна Украина.
„Силите продолжуваат да ги ослободуваат населбите кои беа под окупација на нацистичката хунта, Напите моторизирани единици влегоа на периферијата од Соледар“, рекол Киселев.
Истакнал дека артилериските единици кои настапуваат во заднината, заземале складиште со муниција на украинската војска, со околу 6.000 парчиња муниција од калибар 122 милиметри.
Соледар е град во Доњецк, во близна на источната граница на регионот со Луганск и сѐ уште е под контрола на украинската војска. Сепаратистичките сили од Луганск започнале офанзива со цел да ги потиснат украинските единици од административната територија на Доњецк од пред превратот во Киев во март 2014 година.
Од Киев претходно во средата потврдија дека започнале со ракетни напади со американските ракетни системи со долг дострел HIMARS наводно врз складиште со муниција на руската војска во јужната Херсонска област која од март е под контрола на руските војски и се подготвува за референдум за присоединување на Русија.
Киев вели дека неговите сили „сѐ поефикасно“ ги користат американските HIMARS, но административно-воените власти во Херсон именувани од Москва објавија снимки на разурнати домови и јавно објекти, јавувајќи за повеќе загинати и десетици ранети цивили.