Сепаратистите од Херсон имаат намера да заземат уште три региона во Украина

Проруските сепаратистички власти на Херсон, еден под четирите региони со мнозинско руско и рускојазично населени до југот на Украина кои минатиот месец изгласаа присоединување на Русија, имаат намера под своја контрола да стават уште три украински области, изјави во четвртокот за агенцијата РИА, челникот на тамошната администрација Кирил Стремоусов.

„По одбивањето на нападите врз Херсон планираме да преминеме во противофанзива на Николаев, Одеса и Днепропетровск“, појужно кон бреговите на Црното Море, изјавил Стремоусов.

Во средата со указ на рускиот претседател Владимир Путин беше воведена воена состојба во областите Херсон и Запорожје од кои делови се под контрола на украинските сили, како и во Доњецк и Луганск. Всушност, овие региони се во воена состојба уште од превратот во Киев во 2014 година, но со указот на Путин таа се спроведува според руските закони.

Според проруските власти во Херсон, украинската војска трупа сили составени од елитните единици, како и од баталјоните чии борци се припадници на ултранационалистичките и неонацистички движења и странски платеници, со обид да започнување масивна офанзива. Од друга страна руската војска формира воена групација којашто ги одбива досегашните украински обиди за напредување а треба да го одбие и главниот удар.

Привремениот руски гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо, најави организирање масовна евакуација од истоимениот град на цивилното население од десниот на левиот брег на реката Дњепар. Појасни дека тоа е неопходно за војската да се насочи на воените зачади и одбраната на позицијата, и да не биде попречувана со задачи за помош на цивилите.

Во вторникот, новиот командант на обединетите руски сили на украинскиот фронт, генералот Сергеј Суровикин, изјави дека ситуацијата во Херсон е сложена и оти командата не исклучува носење „тешки одлуки“, без да прецизира што тоа подразбира.

Суровикин во своето прво појавување во медиумите по преземањето на должноста, изјави дека засега тактиката на руските сили е да ги одбиваат нападите и да го „дробат“ непријателот со бројни жртви главно со артилериски и воздушни удари. Според него, тоа е со цел да се намалат загубите во жива сила на руската страна.

Западните воени аналитичари поставуваат неколку опции, меѓу кои и дека руската војска подготвува стапица и ќе изведува лажни маневри со наводно повлекување од позициите, а некои сметаат дека новата руска команда воопшто нема намера за никакво отстапување од Херсон кој осигурува коридор кон црноморскиот брег.