Проруските сили поддржани од руските војски ја преземале контролата над три града во одметнатата источна доминатно руска и рускојазична област Доњецк, потврди именуваниот од Киев гувернер на овој регион Павло Кириленко во вторникот вечерта за локалната станица на Радио Слободна Европа.
Претходно во вторникот, претставниците на самопрогласената Доњецка Народна Република објавија на Telegram каналот дека нивните сили го „ослободиле“ градот Светлодарск и украинското знаме го замениле со нивното.
Светлодарск е 80 километри југозападно од Северодонецк, важен хемиски украински центар и град кој е во фокусот на нападите на проруските сили и руските единици последните денови.
Шефот на украинската воена управа Серхиј Хошко потврдил дека руските сили го контролираат Светлодарск во чијашто билизина е најголемата украинска термоцентрала на јаглен, пренесе германската службена новинска агенција DPA.
Сепартистите од Доњецк, исто така, соопштија дека се во тек последните операции за заземањето на Лиман, во северниот дел на регионот, во нивните обиди да се пробијат до административните граници пред превратот во Киев во 2014 година.