
Цезар Милан, попознат како „Шепкачот на кучиња“ е под истрага поради обвинувањата за злоупотреба на животни, пишуваат светските медиуми.
Водителот чија што емисија насловена „Цезар 911“ во моментот се емитува на каналот Нешнл Џиографик Вајлд добил забелешка за неговиот психолошки центар за кучиња во Санта Клара, Калифорнија.
Полицијата ги потврдува информациите дека е поднесена пријава против „Шепкачот на кучиња“, кој и стана познат на јавноста по неговите способности за дресирање на кучиња кои ги прикажуваше во неговата емисија на Нешнл Џиографик што се емитуваше во периодот од 2004 до 2012-тата.
Пријавата била поднесена од страна на еден човек, но засега не се соопштуваат повеќе детали, затоа што истрагата сеуште е во тек.
Засега од телевизијата Нешнл џиографик се воздржуваат од коментар.