Семејството и’ го сврте грбот, децата со години не разговараат со неа, а органите полека и’ откажуваат – еден по еден.
Штом се појави на сцената пред неколку децении, веднаш беше прогласена за кралица на поп музиката. Од година во година нејзиниот успех беше се поголем и најскоро стана најпопуларната и најбогата музичка ѕвезда, но среќата и’ го сврте грбот.
Имено, 70-годишната Шер уште во 80-тите години се зарази со опасен вирус што пред неколку години почна да го зема данокот и нејзината здравствена состојба е се полоша пишува Нешнл Инкуајер.
Нејзините пријатели откриле дека нејзе и’ откажуваат органите, еден по еден. Семејството и’ го свртело грбот, а поранешната милијардерка сега е на работ на егзистенцијата.
Уште кон крајот на 80-тите години нејзе и’ бил откриен Епстејн-Бар вирус, вид на херпес што може да предизвика отакжување на органите и неколку видови рак.
И покрај големиот број пари што ги потрошила на неуспешните лекувања, пејачката изгубила цело богатство и поради неконтролираното трошење, како и поради лошите инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат и големиот број паузи во кариерата, нејзините пари едноставно ги снемало.
Денес таа е во најлошата можна ситуација – здравјето и’ е нарушено, а нема кому да му се обрати освен на неколкумина пријатели. Иако има две деца, американските медиуми одамна говорат дека таа со нив е во многу лош однос исто како и со двајцата поранешни сопрузи.
Поради сето ова, таа во целост се повлече од јавноста.
-Таа сака да умре на мир и да не оптоварува никого со сопствените проблеми, истакнуваат пријателите на славната ѕвезда, додека нејзините соседи откриле за новинарите дека пејачката поради болеста е непрепознатлива и дека дури неможе ниту нормално да се движи.