Американката Серена Вилијамс сензационално беше елиминирана во третото коло од првиот Гренд слем турнир за годината – Австралија опен.
Триесет и осум-годишната sвезда беше елиминирана од кинеската тенисерка Циан Ванг по 4:6, 7:6 (2), 5:7.
Така, Серена, која беше прогласена за фаворитка за освојување на титулата во Мелбурн, ќе мора да почека за освојување на 24-тиот трофеј од турнирите од големата четворка.
Интересно е што на претходната средба меѓу нив, 28-годишната Кинескиња загуби за 44 минути од Вилијамс по 1:6, 0:6, а успехот денес може да се дефинира како слатка одмазда за понижувачкиот пораз.
The moment of a LIFETIME!
Qiang Wang puts on an absolute masterclass in the match of the tournament to shock Serena Williams 6-4 6-7(2) 7-5 and advance to a first career #AusOpen round of 16.#AO2020 pic.twitter.com/gnGkAMaU8X
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2020