Серхио Гомез од Манчестер Сити во Реал Сосиедад

Серхио Гомез, 23-годишниот шпански фудбалер го напушти англискиот шампион Манчестер Сити и се врати во татковината откако потпиша договор со Реал Сосиедад.

Гомез е репрезентативец на Шпанија кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз. Сѐ уште нема играно за сениорската репрезентација на Шпанија, но во кариерата забележа 19 настапи за селекцијата до 21 година и постигна девет гола.

„Беше чест да се игра, тренира и работа во Манчестер Сити и да се освојат многу трофеи“, изјави Гомез, кој игра како офанзивен играч за врска или лево крило.

Реал Сосиедад за него платил 10 милиони евра.

Гомез на почетокот од својата професионална кариера накратко настапуваше за вториот тим на Барселона, а во Шпанија уште го носеше и дресот на Хуеска. Покрај за Манчестер Сити, настапуваше и за Борусија Дортмунд и за Андерлехт.

Реал Сосиедад минатата сезона заврши на шестото место во Ла Лига.