Серхио Рамос ограбен на натпревар од Лигата на шампионите

Серхио Рамос бил ограбен за време на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Севиља и Ланс пред една седмица, соопшти шпанската полиција во средата, отворајќи истрага.

Според локалните медиуми, при кражбата биле присутни неговите четири деца и две лица кои ги чувале, но никој од нив не е повреден.

Портпаролката на полицијата во средата потврди дека некои луѓе навистина биле во домот за време на инцидентот, но не може да каже кои се тие.

Кражбата се случила на 20-ти септември во Бољуљос де ла Митасион, на југот на Шпанија, додека дефанзивецот на Севиља играше на стадионот „Санчез Писхуан“ во натпревар од Лигата на шампионите против Ланс (1:1).

Крадците наводно украле луксузна облека и модни додатоци, како и пари.

Поранешниот играч на ПСЖ и Реал Мадрид веќе беше цел на обид за грабеж во 2012 година во неговиот дом во Мадрид, но крадците побегнале кога сфатиле дека играчот е во куќата.