Серхио Рамос уште летово заминува од ПСЖ

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос направи голема грешка кога реши да прејде во редовите на Пари Сен Жермен.  35-годишниот дефанзивец по доаѓањето во ПСЖ одигра само пет натпревари и даде еден гол или вкупно 283 минути.

Веќе одамна се шпекулира дека тој би можел експресно да замине, а веројатно до трансфер ќе дојде оваа лето.

Шпекулациите ги подгреа и спортскиот директор Леонардо кој го навести трансферот, а како опција повторно постои Реал Мадрид.

„Кралевите“ би го прифатиле Рамос назад во клубот, но јасно е дека ќе мора значително да ги намали своите финансиски барања.