Серија А: Домашен кикс на Интер со Болоња

Фудбалерите на Интер домашен терен во средата вечерта не го потврдија статусот на фаворити, туку одиграа нерешено 2:2 против Болоња во заостанатиот натпревар од 19. коло на италијанската Серија А.

Интер не успеа значително да се доближи до водечкиот Наполи. Сега, со натпревар помалку, миланскиот клуб заостанува три бода зад Наполи. Болоња остана на осмото место на табелата.

Болоња поведе со голот на Кастро во 15. минута, а асистент беше хрватскиот фудбалер Никола Моро. Но, до паузата гостите веќе заостанаа резултатски. Прво, Дамфрис кој од неодамна е во одлична голгетерска форма израмни во 19. минута, додека најдобриот стрелец на Интер, Лаутаро Мартинез му донесе водство на Интер во судиското надополнување на првото полувреме.

Цврстата и упорна Болоња најпрво израмни на 2:2 во 64. минута, кога Швеѓанецот Холм убаво реагираше на одбиена топка, а потоа ги одби сите домашни напади и освои голем бод против актуелниот шампион.