Џенова освои голем бод во 18=то коло од италијанскиот фудбалски шампионат играјќи во петокот вчерта пред своите навивачи 1:1 против водечкиот тим во Серија А, милански Интер.
Марко Арнаутовиќ ги доведе гостите во водство во 42. минута, а во седмата минута од судиското продолжение на крајот од првото полувреме израмни Романецот Раду Драгушин. Натпреварот на стадионот „Луиџи Ферарис“ мораше да биде прекинат 10 минути во првото полувреме, поради чадната завеса што ја создадоа домашните навивачи со употреба на пиротехнички средства.
Интер ја прекина серијата од четири последователни победи, па сега има 45 бода, пет повеќе од второпласираниот Јувентус, кој во сабота (20.45 часот) ѝ гостува на Рома во дербито на колото. Џенова остана на 13. позиција со 20 бодови, постепено оддалечувајќи се од опасната зона.
Лацио пред своите гледачи победи со 3:1 во дуелот со Фросиноне. Гостите поведоа во 57. минута со голот на Аргентинецот Матиас Соуле од пенал. Неговиот сонародник Валентин Кастеланос израмни во 70. минута, а само две минути подоцна Данецот Густав Исаксен постигна гол за водство на Лацио. Конечните 3:1 ги постави Шпанецот Патрик во 84. минута.
Лацио стигна до осмата позиција со 27 бодови, а Фросиноне остана на 14. место со 19 бодови.
Фудбалерите на Фиорентина во петокот ја постигнаа десеттата првенствена победа совладувајќи го гостинскиот Торино со 1:0. Победничкиот гол го постигна дефанзивецот Лука Раниери во 83. минута. Тоа е петта првенствена победа на екипата на Винченцо Италијано во последните седум натпревари, со која Фиорентина скокна на четвртото место со 33 бода и се израмни со третопласираниот Милан, кој има натпревар помалку. Торино остана на десеттата позиција со 24 бодови.
Наполи уште еднаш ги разочара своите навивачи ремизирајќи 0:0 со Монца. Актуелниот италијански шампион и добро мина, бидејќи Алекс Мерет во 68. минута го одбрани пеналпт што го изведе капитенот на Монца, Матео Песина. Хрватскиот напаѓач Мирко Мариќ не настапи за гостите, но успеа да заработи црвен картон на крајот од мечот поради недолично однесување.
Наполи е седми со 28 бодови, а Монца има 22 бода и е на 11. место.
Во сабота се закажани преостанатите шест натпревари од 18.коло, а ќе играат: Аталанта – Лече (12:30 ч.), Каљари – Емполи (15 ч.), Удинезе – Болоња (15 ч.), Милан – Сасуоло (18:00 ч.), Верона – Салернитана (18:00 ч.) ) и Јувентус – Рома (20:45 ч.).