Интер ја зголеми својата предност на врвот на табелата во италијанската лига на четири бода пред второпласираниот Јувентус со убедливата победа од 2:0 (1:0) на гости против оваа сезона просечниот Лацио во Рим.
Интер поведе кон крајот на првото полувреме кога Лаутаро ја искористи катастрофалната грешка на Марушиќ во 40. минута, кој во обидот да му ја врати топката на својот голман Проведел, идеално го проигра покрај најдобриот стрелец во лигата, кој лесно таквиот подарок го претвори во гол. Прашањето на победникот беше решено во 66. минута кога Турам одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и испрати уште една топка зад Проведел.
Лидерот Интер сега има 41 бод, четири повеќе од второпласираниот Јувентус и девет повеќе од градскиот ривал Милан. Лацио е само 11-ти со 21 бод, исто толку колку и 10-та Монца.
Претходно во неделата Милан на домашен терен беше сигурен со 3:0 против Монца, Удинезе и Сасуоло одиграа без победеник 2:2. Форентина со 1:0 ја совлада Верона, а Болоња со 2:0 беше подобра од Рома.