Фудбалерите на Интер, актуелниот шампион на Италија ја искористија предноста од играч повеќе и на домашен терен го совладаа Торино со 3:2 во послениот натпревар од саботната прогама во седмото коло од Серија А.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 20. минута кога гостите останаа со играч помалку, поцрвене Чилеанецот Марипан. Тогаш почнаа да се редат погодоците, а херој на победата на Интер беше францускиот играч Маркус Турам, кој ги постигна сите голвои за домашните. Тој беше стрелец во 25., 35. и 60. минута.
На другата страна Дуван Запата го постигна првиот гол, додека во 86. минута хрватскиот фудбалер Никола Влашиќ со гол од пенал намали на 2:3. Влашиќ во игра влезе само две минути порано. И покрај тоа што ја намали негативата на гол, Торино до крајот не доби шанса да грабне бод против Интер.
Со оваа победа актуелниот шампион Интер привремено дојде до второто место во табелата. За Торино ова беше само вториот лигашки пораз го оваа зона.
Фудбалерите на Аталанта многу лесно ја совладаа Џенова на домашен терен со 5:1. Иако целото прво полувреме се играше на гостинската половина, Аталанта одморот го дочека само со гол предност. По асистенција на Лукмен, Ретеги постигна гол од непосредна близина. Сепак, на почетокот од вториот дел Аталанта брзо го прекрши натпреварот. Прво Ретеги погоди по вторпат, во 50. минута за 2:0, додека Едерсон во 60. минута погоди ефектно под пречката за 3:0.
До крајот на натпреварот Ретеги погоди уште еднаш со што го комплетираше хет-трикот, а одличен гол за Аталанта постигна и Де Рун, со волеј од 18 метри. Почесен гол успеа да постигне и Џенова, стрелец беше Ехатор во 83. минута.
Аталанта ја забележа третата сезонска победа во лигата, а Џенова четврти пораз. Аталанта скокна на седмото место во рангирањето.
Фудбалерите на Удинезе оваа сабота славеа пред своите навивачи победувајќи го Лече со 1:0. Удинезе на тој начин ја забележа четвртата лигашка победа сезонава и барем во тој момент привремено се искачи на второто место во табелата. Лече остана во долниот дел, на 18. место.
Решавачкиот момент се случи во 75. минута кога Земура, играчот од Зимбабве, реализираше многу убаво од слободен удар од 18 метри. Тој момент на инспирација беше доволен за новите три бода на клубот од Удине.
Во недела се играат Јувентус – Каљари, Болоња – Парма, Лацио – Емполи, Монца – Рома и Фиорентина – Милан.