Фудбалерите на Милан се вратија на врвот на табелата на италијанското првенство кој само на два часа во петокот вечерта му го отстапија на градскиот ривал Интер.
Во втората средба од 33-то коло на Серија А, Милан со 2:0 на домашен терен ја совлада Џенова, а Интер претходно со 3:1 впиша гостинска победа кај Специја.
Милан до новите три бода стаса со погодоците на Рафаел Леао во 11 и Жуниор Месиас во 87 минута.
Со оваа победа Милан стаса до 71 бод, два повеќе со меч повеќе од второпласираниот Интер, а трет е Наполи со 66 бодови од 32 кола. Џенова остана претпоследна 19-та со 22 бодови, три помалку од зоната на опстанок но со меч повеќе од сите конкуренти, додека Специја е 15-та со 33 бодови.
Претходно во петокот Интер кај Специја поведе со голот на Марсело Брозовиќ во 31 минтуа постигнат со силен шут од 20-ина метри, откако топката со глава му ја „спушти“ Д’Амброзио. Лаутаро Мартинез во 73 минута снаодливо искористи нафрлување од левата страна од Иван Перишиќ за удвојување на водството на гостите. Во 88 минута со убав гол од 16 метри надежите на домажините им ги врати Џулио Маџоре, но во третата минута од судиското продолжение Алексис Санчез ги постави конечните 3:1 за Интер.