Серија А: Наполи со победата над Јуве се одржува на врвот

Водечкиот тим во италијанското фудбалско првенство Наполи ја постигна седмата последователна победа совладувајќи го Јувентус со 2:1 (0:1) на домашен терен во натпреварот од 22.коло.

Гостите од Торино поведоа кон крајот на првиот дел со голот на нововлезениот Коло Муани во 43. минута, но Ангуиса во 57. и Лукаку во 69. минута од пенал го свртеа резултатот. Тоа беше прв првенствен пораз на Јувентус оваа сезона, но бидејќи имаат 13 нерешени средби, торинскиот тим е само на петтото место на табелата, а сега заостанува 16 бода зад лидерот Наполи.

Со оваа победа Наполи стигна до скор од 53 бода, шест повеќе со два меча до крајот од второпласираниот Интер и седум повеќе од третопласираната Аталанта која претходно во саботата како гостин го совлада Комо со 2:1.

Фудбалерите на Аталанта се зацврстија на третото место со победата остварена по пресвртот во вториот дел. Комо поведе со силниот удар на Паз во 30. минута, но потоа најдобриот стрелец во Серија А, Ретеги во 56. и 70. минута ги искористи двете додавања на Брешанини за два гола и пресврт.

Аталанта има сега седум бода повеќе од четвртопласираниот Лацио. Комо остана на 13-то место со 22 бода.

Во последниот натпревар од саботната програма од 22. коло Емполи и Болоња одиграа 1:1 (1:1). Коломбо во 24. минута им донесе водство на домашните, но непосредно пред крајот на првот полувреме во 44. минута израмни Домингез

Болоња сега е шеста на табелата со 34 бодови, додека Емполи е 14-ти со 21.

Колото продолжува во недела со дуелите Милан – Парма, Удинезе – Рома, Лече – Интер и Лацио – Фиорентина, а се затвора во понеделник со дуелоте Венеција – Верона и Џенова – Монца.