Серија А: Наполи убедлив на гости, без победници во Верона и Венеција

Во последниот себотен натпревар од 19. коло на италијанската лига, Верона и Удинезе одиграа без голови 0:0. Верона последните 20 минути ги одигра без исклучениот Суат Сердар. Удинезе е 9-ти со 25 бодови, а Верона 14-та со 19 бодови.

Претходно вечерта фудбалерите на Наполи вечерва ја победија Фиорентина со 3:0 и уште еднаш се искачија на врвот на табелата. Наполи поведе со голот на Давид Нерес во 29. минута, а шест минути подоцна по употребата на ВАР технологијата, голот на играчот на Фиорентина, Мојз Кин, беше поништен поради играње со рака. Вториот гол за Наполи го постигна Ромелу Лукаку од пенал во 54. минута, а Скот Мектоминај го постигна конечниот гол во 68. минута.

По четвртата последователна победа, вкупно 14-та во првенството, Наполи е прв на табелата со 44 бодови, три бода повеќе и натпревар повеќе од второпласираната Аталанта. Фиорентина освои бод на последните четири натпревари и е шеста во поредокот со 32 бода.

Претходно во саботата Венеција и Емполи ремизираа 1:1. Домашните поведоа рано, веќе во 5. минута а стрелец беше Жоел Понжапало, но гостите успеаја да израмнат во 32. минута со голот на Себастијано Еспопсито. Венеција остана претпоследна 19-та со 14 бодови, додека Емполи е 12-ти со 20 бодови.