Серија А: Неверојатен кикс на Наполи во пресвртот на Емполи

Empoli's forward Andrea Pinamonti scores a goal during the Italian serie A soccer match between Empoli FC vs SSC Napoli at Carlo Castellani Stadium in Empoli, Italy,24 April 2022 ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Навивачите на Емполи видоа неверојатен пресврт на нивните миленици, кои во последните десет минути од дуелот од 34-то коло на италијанското фудбалско првенство негативата од 0:2 против Наполи ја претворија во победа од 3:2.

Со головите на Дрис Маренс во 44 и Лоренцо Инсиње во 53 минута, Наполи за кој не настапи Ељиф Елмас, имаше сугурно водство од 2:0. Но кон финишот на дуелот гостите целосно се распаднаа. Лиам Хендерсон го намали заостанувањето на Емполи, а големиот пресврт со два погодока беше дело на Андреа Пинамонти, во 83 и 87 минута, со што дојде до 12 голови сезонава во Серија А.

За Наполи ова е голем кикс во борбата за тутулата, бидејќи со натпревар повеќе остана на пет бодови зад водечкиот Интер и на четири од Милан на четири кола до крајот. Емполи со 37 бодови е на 14-то место и ги надмина грижите за опстанок меѓу прволигашите.

Болоња и Удинезе освоија по бод играјќи 2:2 во натпревар со пресврти. Домашните поведоа уште во 6 минута преку Арон Хики, но гостуте успеаја да израмнат во 25 минута со голот на Дестини Удоџи. На самиот почеток од вториот дел Удинезе направи пресврт преку Исак Сукес, но и гостинската радост релативно кусо траеше зашто во 59 минута израмни Никола Сансоне.

Така Удинезе и Болоња ги задржаа позициите на табалеата кои ги имаа пред ова коло, односно 12-то и 13 место со 40 односно 39 бодови.

Во првиот неделен дуел Салернитана на домашен терен со 2:1 ја совлада Фиорентина. Домашните повеода во 9 минута со голот на Милан Џуриќ а гостите израмнија преку Рикардо Сапонара во 64 минута. Сепак трите бода останаа кај домашните, откако Федерико Бонаѕоли погоди во 79 минута.

Со третата победа во низа Салернитана се тргна од последната позиција на табелата каде што престојуваше речиси цела сезона. Моментално со 25 бодови е 18-та, најмалку четири бодови од зоната која гарантира опстанок во Серија А.