![Soccer: Serie A; Udinese Calcio vs Hellas Verona](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/853343d26901b989de9ab1710b5d3fe8.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во понеделникот вечерта се одигра последниот натпревар од 20-то коло во италијанската Серија А во кој немаше победник, фудбалерите на Удинезе и Верона одиграа 1:1.
Верона поведе веќе во четвртата минута кога топката несмасно се одби од домашниот играч Родриго Бекао и во висок лак го прелета голманот на Удинес и влезе во мрежата. Во преостанатиот дел од првото полувреме Удинезе целосно доминираше и сосема заслужено израмни со голот на Самарџиќ во 21 минута.
Во продолжение од натпреварот двете екипи имаа по неколку добри прилики, на крајот и двете можеа да победат, но заврши со поделба на бодовите.
Удинезе остана на седмото место со 29н бодови, додека Верона сѐ уште е во зоната за испаѓање, на 18-та позиција со 13 бодови, шест помалку од зоната на опстано во Серија А