Серија А: Пресврт на Фиорентина за победа над Лацио, хетрик на Дибала за Рома

Во последниот натпревар од 26. коло на италијанското фудбалско првенство, Фиорентина со гол од пенал го совлада Лацио со 2:1, остварувајќи ја првата победа на последните шест меѓусебни средби.

Гостите поведоа во последните моменти од првото полувреме со голот на Лусио Алберто. Сепак, „Виолите“ постигнаа два гола во преостанатиот дел од натпреварот а имаа и неискористен пенал. Мајкл Кајоде израмни во 61. минута, а само шест минути подоцна Николас Гонзалес имаше шанса да и донесе на Фиорентина водство од пенал, но ја погоди стативата. Сепак, две минути подоцна Џакомо Бонавентура го сврте резултатот во корист на „виолетовите“. До крајот на натпреварот Лацио се обидуваше да израмни, но не успеа.

Фиорентина скокна со оваа победа и сега ја држи седмата позиција со 41 бод повеќе од сега осмиот Лацио.

Во првиот денешен нетпревар Рома на својот „Олимпико“ го победи Торино со 3:2. Најзаслужен за победата на Рома е Аргентинец Пауло Дибала, кој ги постигна сите три гола за домашната екипа. Дибала со тоа стаса до 11 погодоци во првенството оваа сезона, само Лаутаро Мартинез со 22, Душан Влаховиќ со 15 и Оливер Жиру со 12, постигнаа повеќе од него.

Дибала ја доведе Рома во водство во 42. минута со гол од пенал, но Торино израмни само две минути подоцна преку Дуван Запата. Во 57. минута Дибала со одличен удар од 25 метри ѝ донесе нова предност на Рома, а во 69. минута погоди и за 3:1. Дин Хуијсен донесе трошка надеж во Торино постигнувајќи автогол во 89. минута за 3:2, но гостите не можеа да сторат ништо повеќе.

Ова беше петта победа на Рома во последните шест кола, додека Торино го забележа вториот последователен пораз, а во последните пет кола славеше само еднаш.

Рома и натаму е шеста со 44 бодови, додека Торино е на десеттата позиција со 36 бодови.