Во последниот дуел од неделната програма на 18-то коло на италијанското фудбалско првенство, Рома како домаќин на својот „Олимпико“ со 2:0 (1:0) ја совлада Фиорентина.
Двата погодока ги постигна Аргентинецот кој летово дојде од редовите на Јувентус, Паоло Дибала во 40 и во 82 минута, и двата на додавања од Тами Абрахам. При првиот погодок Абрахам со градите му ја смири топката на Дибала кој шутираше од 20-ина метри, топката се одби од блокот на гостински одбранбен игра и го измами голманот Тераисано, додека кај вториот Абрахам избегна офсајд, се проби по десното крило и додаде за Дибала кој беше во малер кој поентираше од близина. Победата на Рома беше значително олеснета откако во 24 минута откако втор жолт картон заработи Додо.
Сега седмата Рома има 34 бодови, како и петтиот Лацио и шестата Аталанта, додека Фиорентина е десетта со 23 бодови, колку што има и деветтиот Торино.
Во досега најефикасниот натпревар од оваа сезона во италијанскиот шампионат, Аталанта како домаќин ја совлада Салернитана со 8:2 (5:1).
Натпреварот веќе беше решен по првите 45 минути, кога резултатот гласеше 5:1 за домашната екипа, на половина час пред крајот веќе беше 7:2, а до крајот на натпреварот беше постигнат само уште еден гол. Головите за Аталанта ги постигнаа Џереми Бога во 5, Адемола Лооман во 20 од пенал и во 54, Џорџо Скалвини во 23, Теун Коопмејнерс во 38, Ресмус Хојлунд во 41, Едерсон во 61 и Надир Зортеа во 85, додека стрелци за гостите беа Булеје Диа во 10 и Ханс Николуси во 56 минута.
е
Аталанта сега е шеста на табелата со 34 бодови, исто колку и петтиот Лацио, додека Салернитана, падна на 16-то место со 18 бодови, исто колку и 15-та Специја, но 18-та Верона и 19-та Сампдорија кои се во зоната за испаѓање заостануваат со девет бодови.
Претходно во неделата Болоња победи со 2:1 (0:1) на гости кај Удинезе. Во 59 та минута беше упатена вертикална топка до Никола Сансоне, кој со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот израмни на 1:1. Претходно Бето го доведе Удинезе во водство во 10 минута, а комплетен пресврт обезбеди голот на Стефан Пош во 80 минута. Со овие три бода Болоња скокна на 11-то место со 22 бода, три помалку од осмопласираниот Удинезе.
Торино доживеа неочекуван и непријатен пораз на домашен терен од Специја со 0:1 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше М’Бала Нзола во 29 минута од пенал. Во финишот на првото полувреме Влашиќ ја затресе мрежата на гостите, но тој гол беше поништен поради заднината на помошникот Санабија. Десеттиот Торино остана на 23 бодови, додека Специја со 18 бодови скокна на 15-то место.
Во првиот натпревар во неделата Лацио како гостин го победи Сасуоло со 2:0 (1:0). Лацио поведе преку Матија Закањи, кој во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме ги претвори пеналот досуден откако Тољан играше со рака во домашниот шеснаесетник. Конечниот резултат го постави Фелипе Андерсон во четвртата минута од судиското надополнување во вториот дел. Петтиот Лацио има 34 бодови, додека Сасуоло е 17-ти со 16 бодови.
Наполи е на врвот со 47 бодови, девет повеќе од вториот Милан и десет од третиот Јувентус и четвртиот Интер.