
Во последниот неделен натпревар од 15-то коло на од италијанското фудбалско првенство Рома на својот „Олимпико“ одигра 1:1 со Фиорентина.
Рома поведе уште во 5, минута кога Ромелу Лукаку со глава ја проследи топката во мрежата по нафрлувањето на Пауло Дибала, но на крајот „Волчицата“ мора да биде задоволна и со бод, бидејќи дуелот го заврши со два играча помалку.
Уште при резултатот 1:0 во 64. минута поради втор жолт картон беше изклучен Никола Залевски, а само две минути подоцна Матринез Кварта со одличен удар со глава изрмани на 1:1: Во 87 минута поради преостар старт директен црвен картон заработи Лукаку, но Фиорентина во преостаното време не успеа да го постигне победничкиот погодок.
Фиорентина сега е седма со 24 бодови, колку што има и шестиот Наполи, додека Рома е четврта со 25 бодови, колку што има и петтата Болоња. На врвот е Интер со 38 бодови, два повеќе од вториот Јувентус, а третиот Милан има 29 бодови.
Болоња високиот пласман го должи и на денешната победа од 2:1 на гости кајл Салернитана. Гостите рано дојдоа до сигурно водство со головите на Џошуа Зиркзее во 9. и 20. минута, а Симеон Точукву Нванкво во 75. минута погоди за Салернитана која остана последна 20-та со само една победа сезонава и 8 бодови.
Фросиноне и Торино одиграа без головои. Така и двата тима ги задржаа позициите на табелата, Торино е 11-ти со 20 бодови, а го следи Фросиноне со бод помалку.
Монца пред своите навивачи во финишот во 83. минута со погодокот на Дани Мота ја совлада Џенова. Монца сега има 21 бод за 9-то место, а Џенова остана на 15-то место со 15 бодови, четири повеќе од зоната на испаѓање.