Серија А: Салернитана го запре Милан, три гостински победи

Фудбалерите на Милан во финишот извлекоа реми 2:2 на гостувањето кај последниот тим во Серија А, Салернитана во дуелот од 17 коло од италијанското првенство.

Со овој резултат Милан направи чекор наназад во борбата за титулата. На гостувањето кај „фенерџијата“ Салернитана испупштија два важни бода во трката по водечкиот тандем Интер и Јувентус.

Мечот добро започна за „Росонерите“, Фикајо Томори во 17. минута ги доведе во водство. Но домашните во продолжението на мечот направија пресврт со головите на Федероко Фацио во 42. и Антониот Кандрева во 63. минута. Милан, сепак, успеа да спречи тотално фијаско преку Лука Јовиќ кој погоди за конечните 2:2 дури во 90. минута.
Милан остана на третото место со 33 бодови, четири зад вториот Јувентус и дури осум за водечкиот градски ривал Интер. Салернитана со сама една победа сезонава и десет порази со само 9 бодови и натаму е последна 20-та во моментов со четири бодови помалку од зоната на опстанок.

Во преостанатите три натпревара одиграни во петокот вечерта, славеа гостите. Фиорентина против Монца победи со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Лукас Белтран во 7 . минута. Фиорентина, така, дојде моментално на четвртото место со 30 бодови, три помалку од третиот Милан, а два повеќе со меч повеќе од петтата Болоња.

Џенова до петтата првенствена победа сезонава од 2:1 дојде со пресврт во вториот дел на гостувањето кај Сасуоло. Домашните поведоа во 28. минута со голот на Андреја Пинамонти, а израмни Алберт Гудмундсон во 64. минута од пенал кој го направи Мартин Ерлиќ играјќи со рака во својот шеснаесетник. Победата на гостите им ја донесе Калеб Екубан во 87. минута. Со оваа победа Џенова се одлепи бодовно од Сасуоло со 19 наспроти 16 бодови, а ги заземаат 14-то односно 15-то место на табелата.

До три гостински бодови дојде и Лацио кој со 2:0 го совлада Емполи. Стрелци за гостите беа Матео Гуендузи во 9. и Матија Закањи во 67. минута. Лацио моментално е деветти со 24 бодови, а Емполи со 12 бодови го држи 18-то место, кое води во доигрување за опстанок.