Серија А: Јуве остана без победа во судиското продолжение, Наполи победи во Торино

Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ му ја украде победата на Јувентус со својот прв гол во дресот на Лече во последниот неделен натпревар од 14. коло на италијанската Серија А, погодувајќи за конечни 1:1 во судиското продолжение.

Јувентус поведе во 68. минута со голот на Андреа Камбијасо. Анте Ребиќ влезе во игра во 75. минута, а во 93. минута од непосредна близина по нафрлувањето на Никола Крстовиќ ја пренасочи топката во мрежата за конечни 1-1.

Лече е на 16. позиција со 13 бодови, а Јувентус е на шестото место со 26 бодови. Меѓу Јувентус и лидерот Наполи (32 бода) има четири екипи со 28 бодови и тоа Аталанта, Интер, Фиорентина и Лацио.

Фудбалерите на Торино беа поразени пред своите гледачи, а подобар од нив беше Наполи со минимални 1:0. Победничкиот гол го постигна шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминај во 31. минута.

Лацио претходно во неделата киксираше на гостивањето кај Парма и беше поразен со 1:3. Домашните поведоа веќе во 6. преку Ман, а водството го удвои Хаџ Мохамед во 53. минута. Лацио се врати во игра барем за бод кога во 80. минута погоди Кастеланос, но Дел Прато ги закопа гостинските надежи со погодокот во третата минута од судиското продолжени.

Лацио остана на петтата позиција на табелата во групата тимови со 28 бодови, додека Парма сега со 15 бодови се искачи на 11-то место.

Фудбалерите на Џенова впишаа победа, и тоа на гости кај фаворизираниот Удинезе,. Стрелци за гостите беа Пинамонти во 13. и Џанети кој во 67. минута ја затресе соопствената мрежа.

Со оваа победа Џенова се оддалечи од опасната зона, сега има 14 бодови за 14-то место, а Удинезе остана на 17 бодови со кои е деветти.