Серија А: Јуве со осма победа во низа, Интер ја пропушти во продолжението

Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 7 January 2023. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во последниот саботен дуел од 17-то коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Интер во судиското продолжени на натпреварот ја испуштија победата кај Монца кој успеа да одигра 2:2.

Интер добро започна и поведе во 10 минута кога убаво на втората статива се уфрли и поентираше Матео Дармиан. Но Монца брзо возврати, веќе во следната минута одличната асистенција на Песина за 1:1 ја реализираше Патрик Чјурија. Но не мина долго време, а Интер повторно дојде во водство. Голема грешка направи домашната одбрана, а тоа го Казни Аргентинецот Лаутаро Мартинез за ново водство на „Нераѕурите“.

Интер водеше сѐ до 94 минута, кога Монца го постигна голот кој ѝ обезбеди драгоцен бод против еден од фаворитите за титулата., кога со глава за 2:2 погоди Лука Кардиљора.

Монца ја прекина мини-серијата на Интер кој остана на три првенствени победи, а интересно што за миланскиот тим ова беше првиот реми во сезоната.

Интер остана четврти на табелата со 34 бодови два помалку од градскиот ривал Милан, а четири повеќе од римските клубови Лацио и Рома кои имаат по меч помалку. Монца која е нова во Серија а моментално е 14-та со 18 бодови, девет повеќе од зоната на испаѓање.

Претходно во саботата Јувентус продолжи со победите и пред своите навивачи со минималните 1:0 го победи Удинезе. По израмнетото прво полувреме, во вториот дел торинската „Стара дама“ заигра многу подобро. Во воведните петнаесетина минути од продолжението одлични шанси имаа Кин, Костиќ и Рабио, но гостите го држеа бодот во својот џеб.

Така беше сѐ до 86 минута кога домашните изведоа одлична акција. Длабочинска топка испрати Аргентинецот Паредес, одлично ја прими Киеза и уште поубави го проигра Данило кои поентираше од близина за трите бодови за Јуве.

Ова е веќе осма првенствена победа на Јувентис во низа, во која не прими ниеден погодок и оствари гол-разлика 14:0. Со тоа моментално е на второто место на табелата со 37 бодови, четири зад водечкиот Наполи и еден зад третиот Милан кои имаат и меч помалку.

Удинезе, пак, ја продолжи негативната низа во Серија А. Во последните девет натпревари има шест ремија и три пораза. Последен пат победи на почетокот од октомври и сега останува на осмото место со 25 бодови.

Во првиот саботен натпревар Фиорентина со 2:1 дома го совлада Сасуоло. Првиот дел заврши без погодоци, но домашните поведоа на самиот почетокот на вториот, во 48 минута со голот на Рикардо Сапонара. Гостите израмнија во 57 минута преку пеналот кој го реализираше Доменико Берарди, но не успеаја да го спасат ремито, бидејќи во судиското продолжени беше досудена најстрога казна во полза на домаќините која во победа ја претвори Николас Гонзалес.

Фиорентина моментално е деветта со 23 бодови, а Сасуоло е 16-ти со 16 бодови, седум повече од зоната на испаѓање,

В недела се играат дуелите Салернитана – Торино, Лацио – Емполи, Специја – Лече, Сампдорија – Наполи и дербито Милан – Рома, додека колото во понеделник го затвораат дуелите Верона – Кремонезе и Волоња – Аталанта.