Серија А: Јуве за гол подобар од Милан на „Сан Сиро“

Во дербито на деветтото коло на италијанското фудбалско првенство, Јувентус на „Сан Сиро“ го совлда домашниот Милан со 1:0, остварувајќи ја првата победа на последните шест меѓусебни средби. Решавачкиот гол го постигна Мануел Локатели во 63. минута.

Сепак, можеби клучниот момент на натпреварот се случи во 41. минута кога Милан остана со играч помалку. Малик Тиау беше последниот дефанзивец во одбраната на Милан и го собори Мојс Кин, а судијата Маурицио Маријани му покажа директен црвен картон.

До тој момент „росонерите“ беа апсолутно подобриот тим, а Јувентус практично никаде го немаше. Гостите од Торино имаа среќа и при постигнуваето на победничкиот победник. Локатели, кој поникна во младинската школа на Милан, шутираше од околу 20 метри, топката удри во некого на патот и го смени правецот, измамувајќи го Антонио Миранте.

Три бода освои и Аталанта, која ја победи Џенова со 2:0, скокајќи на шестото место на табелата на Серија А. Адемола Лукман ги доведе домашните во водство во 68. минута, а победата ја потврди Едерсон во петтата минута од судиското надополнување на асистенција на Марио Пашалиќ, кој влезе во игра во 78. минута.

Рома тесно ја совлада Монца со 1:0 со голот на Стефан Ел Шарави во 90. минута. Рома многу тешко ја оствари третата последователна победа во Серија А, иако Монца од 41. минута играше без исклучениот Данило Д’Амбрози. Голманот Микеле Ди Грегорио двапати ги спасуваше гостите во мат ситуации во првото полувреме, а Рома двапати ја погоди стативата во вториот дел пред конечно да го постигне победничкиот гол.

Победа забележа и Болоња која победи со 2:1 против Фросиноне. Болоња поведе во 19. минута со голот на Луис Фергусон, а само три минути подоцна Лоренцо Ди Силвестри погоди за 2:0. Конечните 2:1 ги постави Матијас Соуле од пенал во 63. минута. Во четвртата минута од судиското надополнување, Фросиноне остана со играч помалку по исклучувањето на Лука Мацители.

Салернитана и Каљари одиграа 2:2. Сѐ што беше важно на овој дуел се случи во последните 15 минути, гостите водеа со 1:0 и 2:1, но Салернитана се избори за бод.

Зито Лувумбо ги доведе гостите во водство во 79. минута, израмни Буле Диа во 86. минута, но две минути подоцна Николас Виола му донесе ново водство на Каљари. Сепак, во петтата минута од судиското надополнување, Диа погоди од пенал за 2:2.

Колото во понеделник го затвораат Удинезе – Лече, а Фиорентина – Емполи.

На табелата води Интер со 22 бода, Милан е втор со бод помалку, додека Јувентус е трет со 20 бодови. Следуваат Фиорентина и Наполи со по 17 бода.