Во последниот натпревар од 18. коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус освоија три домашни бода совладувајќи ја Рома со минимални 1:0.
Со ова Јувентус го искористи ремито на Интер од претходниот ден и сега торинскиот тим заостанува само два бода зад лидерот Интер. Рома остана седма на табелата.
Торинското дерби беше решено на самиот почеток од вториот дел. По луцидна асистенција со петица на Влаховиќ, Французинот Адриен Рабио погоди во поблискиот агол за три бода за својот тим.
Претходно во саботата, фудбалерите на Милан со победа ја затворија календарската 2023 година, победувајќи го Сасуоло со 1:0 на домашен терен. Натпреварот го реши Кристијан Пулишик кој го постигна единствениот гол во 59. минута, вешто затресувајќи ја гостинската мрежа од непосредна близина за својот шести првенствен гол сезонава. Милан е трет на табелата и има девет бода помалку од лидерот Интер и четири помалку од второпласираниот Јувентус.
Со истиот резултат 1:0, Салернитана ја совлада Верона на гости за втора победа сезонава и прва победа на гости. Единствен стрелец беше Французинот Луум Чауна. Салернитана и понатаму е последна на табелата.
Фудбалерите на Удинезе пред своите гледачи ја победија Болоња со убедливи 3:0. Аргентинците беа кобни за Болоња, па Перејра го постигна воведниот гол на натпреварот во 23. минута, додека сѐ беше заклучено со голот на Пајер во 52. минута за конечни 3:0. Во меѓувреме мрежата на Болоња ја затресе и Лука.
Болоња загуби по три првенствени победи во низа, додека Удинезе победи само вторпат оваа сезона.
Каљари и Емполи одиграа 0:0, иако домаќинот не успеа да зграби три бода. Трагичар беше Виола, кому ВАР му поништи гол во 66. минута, а потоа Виола не реализираше пенал во 83. минута. Двата тима остануваат при дното на табелат, Каљари на 18-то место и Емполи на 19-то место.