Серија А: Јувентус со победа кај Лече го презема врвот

Во последниот неделен натпревар од 21-то коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус освоија три бода кај Лече со победата од 3:0.

Сите голови торинската „Стара дама“ ги постигна во текот на вториот дел, а јунак на победата беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, кој ги постигна првите два, во 59. и 68. минута. При првиот вешто ја зафати топката, а при вториот погоди од непосредна близина. Сѐ беше решено во 85. минута кога Глејсон Бремер погоди со глава за конечни 3:0.

Јувентус привремено дојде на врвот на табелата. Има бод повеќе од Интер, но клубот од Милано има натпревар помалку. Лече остана на 14-то место на табелата со 21 бод, еден повеќе од зоната на испаѓање.

Џенова на гостински терен ја совлада Салернитана со 2:1. Домашните поведоа во втората минута кога Домагој Брадариќ му асистираше на Аустин Мартегањи. Џенова израмни многу брзо, само десет минути подоцна кога уште еден хрватски играч овојпат Милан Бадељ му асистираше на Матое Ретеги. Џенова до сите три бода стигна во 58. минута, а потоа Исланѓанецот Алберт Гудмундсон погоди од пенал за конечни 2:1.

Џенова се искачи на 11-то место со 25 бодови, додека Салернитана сѐ уште е на самото дно на табелата со само 12 бодови, шест помалку од првото место кое гарантира опстанок во Серија А.

Фудбалерите на Емполи освоија три домашни бода совладувајќи ја Монца со убедливи 3:0. Играч на натпреварот беше Полјакот Шимон Журковски, кој ги постигна сите голови за Емполи, во 13. 38. и 73. минута, кој ја забележа само четвртата победа сезонава. Воедно, ова беше само втор домашен успех на тосканскиот тим, кој и покрај ова остана на претпоследното место во тавбелата но сега со 16 бодови, два помалку од зоната на опстанок. Монца е 12-та со 25 бодови.

Во првиот неделен натпревар Фросиноне пред своите гледачи го совлада Каљари со 3:1, иако гостите поведоа со голот на Ибрахим Сулемана во 26. минута. Во продолжението следеше пресврт, а стрелци за Фросиноне беа Лука Маѕители во 64. минута, Матијас Соуле во 75. минута и Каио Хорхе во 95. минута. Фросиноне сега е 13-ти со 22 бодови, а Каљари остана на 17-то со 18 бодови, само под над зоната на испраѓање.

Преостанатите натпревари од ова коло ќе се играат во февруари, па така Болоња – Фиорентина ќе се сретнат на 14. февруари, Торино – Лацио на 22. февруари, Сасуоло – Наполи и Интер – Аталанта на 28. февруари.