![marihuana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/marihuana-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Последното деноноќие изведени се повеќе приведувања ширум земјата поради нелегално поседување марихуана инфромираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода У.М. на 26 година од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 06.01.2023 во 15.00 часот во Парк шума Гази Баба, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Подоцна вчера во 15.55 часот на подрачјето на скопската населба Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот А.П. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во петокот ноќта во 22,45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 29-годишниот Н.Д. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Рабно утрото во саботата, пак, околу 3.15 часот во селото Стар Балиндол, гостиварско, од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода малолетник од селото Корито, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Речиси истовремено, 3,40 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б. на 19 и И.Т. на 21 година, двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во извештајот.