Серија напади врз полицајци во Франција

Неколку случаи на напади врз припадниците на силите за спроведување на законот се регистрирани во областа на француската престолнина Париз во неделата вечерта и ноќта, пишува во понеделникот дневниот весник Le Parisien.

Во општината Муро, во департманот Ивелин во регионот Ил-де-Франс, полициски мајор бил повреден во лицето во напад на сѐ уште неидентификувани напаѓачи кои го нападнале неговиот автомобил со камења и шишиња. Притоа, се наведува дека лицата биле на околу десетгодишна возраст.

Уште еден напад врз полициски службеник во истиот департмант синоќа се случил во општината Поаси, каде што претходно во февруари непознати напаѓачи со „Молотови коктели“ нападнаа полициско патролно возило кое пристигнало на лажна дојава. Овојпат, неколку полицијаци биле нападнати практично во центарот на градот кога дошле на повик за интервенција поради семејно насилство.

Третиот инцидент се одиграл во општината Еланкур, повторно во департманот Ивелин, кога околу полноќ непознати лица од покривот на една станбена зграда фрлале пиротехничко средства врз полициски автомобил. Во истата област, исто така, со пиротехника била нападната полициска патрола која обезбедувала пожарникаи кои пристгнале во центарот на градот по дојава за пожар.

Истовремено, телевизискиот канал BFM TV објави дека е покрената истрага во градот Лион, во централна Франција, поради низата објави со закани за полицијата. Имено, непознати лица на ѕидови напишале графити дека по убиството на полицаецот во Авиљон, следната цел ќе биде бригадата на специјалната полиција во VIII арондисман на Лион.

Минатата среда францускиот премиер Жан Кастекс објави дека 40-годишен полицаец е убиен во текот на операција за апсење дилери на наркотици на југоистокот на земјата. Еден од младите мажи кои полициска патрола ги фатила како продаваат дрога, извадил пиштол и неколкупати истрелал во полицајците кои возвратиле на огнот, но сторителот успеал да побегне на скутер.

Во понеделникот фртанцуското министерство за внатрешни работи објави дека се уапсени четворица осомничени при обид да ја преминат границата со Шпанија, меѓу кои и е наводниот убиец на полицајците.